планински (прид.) - порој (имн.)

Таму, зад карпите од другата страна на планинскиот порој, малечкиот Иво, бојаџијата од Шилиговец, кој беше од почетокот член на групата префрлена зад грбот на непријателот, и речиси веднаш погрдно именуван за шептач на смртта, трипати се влечкаше да ја наполни со вода матарката на Раде за да му го излади челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во згуснатоста можеле и планински порој да отфрлат од себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И црниот ѓавол можел да ги почитува тие луѓе како што можел да се восхитува и од нивните жени, повеќето трудни, кога ги пречекале на патот кон шумичката бабуњосаниот Адам Лесновец и попот Панделиј; лицата им биле тврди, како изделкани со чеканите на мажите од сив, модар и зелен камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)