пластичен (прид.) - кутија (имн.)

Пак со вообичаената рутина набрзина подготвив малку јадење за тебе и го распоредив во пластични кутиички, сварив чај со мед и отидов на пазар да купам една пиперка, домат и кромид што ми ги нарача претходниот ден.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Беше запакувано во кафеава пластична кутија која што наликуваше на огромно шише.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Смешкајќи се загадочно, Грдан извади од торбата пластична кутија од алва, на што Грда зачудено го погледна, но кога ја отвори кутијата во неа се покажаа маслинки - зелени, долги, цепнати по должината.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)