повисок (прид.) - среден (прид.)

Носењето на burbery мантилот е одлика на стилот на повисоката средна класа, свесна за длабинското значење на креирањето на поп универзумот. Levi’s Панталоните од груба ткаенина која тешко се кине беа незаобиколен дел од гардеробата на американскиот Див Запад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој тип на диференцијација во средната класа, предизвикана од повисоката свест што некогаш беше елитистичка одлика, доведе до формирањето на митовите на Етикетата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од средниот слој се формира еден специфичен слој, повисоката средна класа, која имаше тенденција кон припаѓање на елитната аристократија, и која едновремено стекнуваше свест дека веќе не ѝ припаѓа на масата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа повисока средна класа, бидејќи поради крвната бариера никако не можеше да стане дел од старата Елита, но имаше пари, значи одредена моќ, мораше да создаде сопствена митологија, токму врз - монетарниот систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со текот на времето нејзината митологија се разоткри како вистинска религија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Демографската експлозија во средината на 19-от век беше погодна за претворање на малите семејни мануфактури во големи индустриски гиганти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Митот за Америка всушност е мит за таа специфична повисока средна класа и за нејзиниот комплекс во однос на европската аристократска елита.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму стилот на пристојност од педесетите се здоби со форма на глобален граѓански стил, кој ќе се задржи сѐ до денес, кога е карактеристичен за динамичните јапии, успешните млади деловни луѓе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа во Америка и се роди популарната уметност, уметност што алхемиски требаше лажното злато да го претвори во вистински пари, уметност создадена за да создаде нова модерна митологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И меѓу масите настанаа поделби, желби за истакнување и чување на тајната на квалитетот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)