поголем (прид.) - внимание (имн.)

Некои книги, како “Бог и науката“ од Л. Бјухнер, “Жената и социјализмот“ од Бебел, “Сибир и заточените во Русија“, “Подземна Русија“ и други од Чернишевски, “Речи и прокламации“ од Иго и други, биле дела што некои од учениците ги читале со поголемо внимание отколку книги во врска со редовните предмети6.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Додека таа одеше на работа, тој ја хранеше, ја шеташе и се грижеше за неа со уште поголемо внимание.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дури и покрај порастот на тензиите во Европа и заинтересираноста на САД при крајот на 1930 год. за појавата на фашизмот, од легациите се бараше да бидат само пасивни посматрачи на локалните настани и политики (иако поголема активност и поголемо внимание се барало во однос на меѓународните настани), бидејќи таквите локални политички настани не беа од интерес за нивните претпоставени во Стејт департментот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нејзината сопственичка, Марија, беше самотна жена која секој ден, пред да оди на работа, ја оставаше и го замолуваше Богдана, како новодојден, да ѝ обрнува поголемо внимание на пудлицата, зашто имаше впечаток дека другите од персоналот тоа не го чинат доволно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)