поголем (прид.) - работа (имн.)

–Ако вие не можете за едни чаши да се договорите, тогаш за поголеми работи, залудно е да се разговара.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
СПИРО: Поумен од него! Да ме чува господ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Затоа ами зошчо, Јас не мисле, право да ти кажам, да се враќам, ама кога виду шо се бара од еден работник пред лицето на нашата раја, Митра ми се виде ситна и залудна работа, та киниса со тие другари за поголеми работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ИЛИЈА: По некоја дакика така носи пет пари скршени да свршуваат поголема работа отколку една бела меџидија подоцна.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А да е за нешто друго... Божем за некоја поголема работа да ме пратиш...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)