погрден (прид.) - стереотип (имн.)

Феминистките, се разбира, го сфаќаат тоа, но многу од нив се склони да бидат неуверени во него, неубедени во мудроста на кампската стратегија да се прифаќаат, запоседнуваат, призиваат и прекодираат омразените претстави.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иронијата, според нив, не може да го оправда гревот на умножувањето на првобитната општествена навреда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нејзината стратегија е да ја презапоседне веќе деградираната женственост и иронично да го редефинира тој деградиран статус, за да го оспори сплетот вредности што се одговорни за неговата деградација, да го разглоби туѓото полагање право на достоинственост, а со тоа и да го израмни теренот на општественото игралиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај бележитите исклучоци како што се Естер Њутн, Џудит Батлер и нивните следбеници, многу феминистки – особено стрејт-феминистки – се склони да гледаат на иронијата како на слабо алиби за повторното ширење и продолжувањето на погрдните стереотипи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)