погрешен (прид.) - чекор (имн.)

Ете, многуто зборување го доведува човека до погрешен чекор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што се однесува до смртта на нашиот колега, мислам дека е во прашање погрешен чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нешто како да му велеше да не брза за да не направи погрешен чекор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Или непромислен гест многу чест во биографиите на поетите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка, во еден период, помисли оти сторила погрешен чекор со сопчето, оти помалку учам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Знам, душо! Но, секој твој погрешен чекор ми создава немир во душава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа тие барале од Маклин да го извести Тито за британскиот став.294 Во однос на ова прашање, а како барање на Министерството за надворешни работи Маклин веднаш остварил средба со Тито при што го предупредил дека “погрешен чекор во оваа фаза може да има озбилни последици за него“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мајка и Татко речиси никогаш не си префрлаа за нечие отсуство или за некој погрешен чекор во пресудните денови за семејството, во војните, во преселбите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)