подвижен (прид.) - и (сврз.)

Прво ги снема сите подвижни и неподвижни фигури што во текот на ноќта му се причинуваа и виде дека ридот под нив е гол сѐ до подножјето каде што почнуваа лозјата и бавчите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа е тркалезна, а седиштата во неа се подвижни и поставени во круг.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Децата лежеа, смеејќи се, на работ од прашумата слушај-ќи ја како воздивнува и чкрипи под нив, подвижна и жива.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој е подвижен и се совпаѓа со периодот на Стрелец, а може и со Шкорпија, односно со Дива Коза.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А се шеташе низ Скопје како Гестапо - во мантил со актовка, додека беше подвижен и сееше страв.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беа неверојатно подвижни и смешно несмасни во својата големина, тие две раце, додека си имаа работа со онакви ситници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во деновите на запознавањето, неговата "изместеност" ѝ се чинеше интересна иако пројавите на таа необичност ѝ штрчеа, барем онолку колку и роговите на полжавот: постојано подвижни и променливи како и нивната прилично несигурна вљубеност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)