подеднаков (прид.) - опасност (имн.)

Во лудилото омразата од другите и љубовта од другите се подеднаква опасност – и љубовта и омразата се закануваат со разорување на Јас на лудиот.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зарем тоа не е она најстрашното,“ рече Клара, „бидејќи она Јас кое едвај трепери, најболно посакува да биде сакано; нешто во оној чие Јас е растргнато знае, дури и кога не сака да признае, дека само љубовта може да го сочува неговото Јас, а стравот од љубовта е секогаш посилен од оваа свесност, и го турка сознанието во заборав, или го победува со уште поголем страв.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)