подземен (прид.) - тунел (имн.)

Го држам на калач детето и се пробивам низ подземниот тунел кон перонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Преку подземни тунели прокопани низ планината Влајница во должина од 6 200 метри а ширина 3 метри, водата дотекува до турбините на Хидроелектричната централа „Вруток“ и „Равен“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сум му ја видела само дупката што води во подземните тунели - што сам ги копа... и копички земја што ја исфрла при копањето.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Алејата и плоштадот се испресечени со подземни тунели за пешаци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)