подолг (прид.) - разговор (имн.)

Само погледнете го ова! (Леинџ ми додава една копија од DSM-III и ми покажува еден подолг разговор на пациент со психијатар.) Говорот на пациентот не е баш секогаш граматички правилен, но и вие новинарите често се користите со магнетофон па колку само неразбирливи или бесмислени реченици морате да отфрлите од лентата!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овде тоа е претставено како парадигма за длабочината на шизофреното ментално заболување!  Имам впечаток дека пациентот дава сосем добар одговор на прашањето зошто луѓето веруваат во Бога.  Би ми била чест и самиот да можам да дадам таков одговор!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ке се пушти во подолг разговор со своите муштерии, особено со првиот што му ја продава борината и ќе се прави глув, пелтек, глув на едното уше, недоветен, дека слабо го интересува што прават другите Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште на почетокот од средбата, се виде дека Чапаев има потреба од подолг разговор, но, најнапред, веднаш мина на главното: - Почитуван колега, донесена е конечната одлука.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тогаш Захаријадис, во подолгиот разговор, подчувајќи го како да го организира партизанството, му рече: - Мобилизација треба да се врши исклучуво врз доброволна основа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По подолг разговор за селото и неговото минато, го прашав свештеникот: - Оче за кого камбаната ѕвони тивко и подол?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)