подотворен (прид.) - врата (имн.)

Ја држи подолго раката во својата која како да му е испружена низ подотворената врата или прозорец на кочија, на автомобил, на воз...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вполноќи некаде, легнати на брегот, ја бакнуваат својата света почва во која ништо не догорува и слушаат како шкрипи на ветрот некоја подотворена врата, И замирисува некој исушен цвет во заклетвите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Салата беше скоро полна. Ние наѕиравме од само малку подотворената врата од каде што требаше да настапуваме, да излегуваме на бината.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Низ подотворената врата од „комбинованата“ соба се гледаше огледалото поставено во претсобјето, а во него ликот на жената сокриена веднаш до рамката на вратата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сплет на минато и денес, прикажани низ една подотворена врата која Рада ни ја подотвори овозможувајќи му на секој да ѕирне во срцето на оваа прекрасна жена- борец.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа се гледаше и од големите снегулки, кои се стрелнуваа на бледата светлина што се провираше низ подотворената врата. Добро паѓаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од подотворената врата виде како мајка му, без било што да каже, му го подаде писмото на татко му, што беше дошло од жената.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Особено во оние, за небото над планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сфатив дека моето решение најде подотворена врата и излез во неговите зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога се подаваат низ подотворената врата да видат каде стигнале, ќе откријат дека се на истото место само најнакрај од сите колосеци.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)