поединечен (прид.) - работник (имн.)

Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во законскиот или договорно определениот отказен рок... (чл. 87, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случај, пак, кога работодавачот го откажува договорот за вработување на поединечен работник или на помал број работници – отказниот рок е еден месец, а два месеца при престанок на работен однос на повеќе од 150 работници, или 5% од вкупниот број работници кај работодавачот пред престанокот на работниот однос (чл. 87, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во поглед на т.н. минимални отказни рокови ситуацијата е следна: ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден месец, а со договорот за вработување или со колективниот договор може да биде договорен подолг отказен рок – меѓутоа не подолг од три месеца; Ако работодавачот го откажува договорот за вработување на поединечен работник или на помал број работници – отказниот рок е еден месец, а два месеца во случај на престанок на работен однос на повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број работници кај работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)