позитивен (прид.) - ефект (имн.)

Од друга страна, Виник (Winich, 1960), иако ја согледува несомнената врска помеѓу дрогата и поп или џез музиката, не е многу убедлив кога се обидува да ги доведе во прашање позитивните ефекти на марихуаната врз квалитетот на музичката интерпретација, во однос на проценката на некои други музичари.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мислам дека можете да ги видите позитивните ефекти што ги имаше мултикултурализмот во менувањето на нашиот поим на општество во скорешниот развој на западноевропските држави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ваквиот предлог на Ѓорѓе предизвика позитивен ефект кај двете дами кои немаа ништо против галантноста на овој млад џентлмен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше очигледно дека овој негов гест постигна позитивен ефект кај Јана и кај Рада, па Ѓорѓе доби поен плус во градењето на својот углед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со дланката Зоја го удри детето по плеќите, драстичен лек кој веднаш даде позитивен ефект.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе се смали значењето на вертикалните структури на моќта, работите ќе станат многу подинамични и похаотични. E-mail-от промовира хаос и тоа ќе има позитивен ефект врз институциите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Присуството на Меклин имало и уште еден позитивен ефект.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој барал да се испратат британски воени мисии во Главните штабови и во поголемите единици на сите покраини во Југославија, кои би можеле да придонесат во остварувањето на предвидените британски акции и да послужат како врска преку која ќе се реализираат барањата на единиците на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со измените и дополнувањата на овој закон единствено се зго- лемуваат паричните казни за работодавците, што од своја страна, има индиректен позитивен ефект врз статусот на работниците и заштитата на нивните права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Меѓутоа, постои постепена акумулација на фактите кои ја потврдуваат валидноста на аргументот дека околината има позитивни ефекти и заслужува сериозно внимание.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)