позитивен (прид.) - насока (имн.)

Промовирајќи ја својата визија на сексуалноста на „Новото Доба“, Ани вели: „Сексот е пат кон просветлувањето...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Би требало, сепак, од тој период да го извлечеме низ ориентализмите тоа што останало во нив позитивно, а останува непознато за поширок круг луѓе, посебно од страна на новите генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Жените што изведуваат порно ги буткаат работите во позитивна насока...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе би рекол дека се работи за заробено минато, задржано во ориентализмите, чијашто енергија би требало да биде ослободена и насочена во позитивна насока за што подобро разбирање меѓу луѓето и пошироко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)