позитивен (прид.) - човек (имн.)

Во текот на разговорот користеше по некој англиски збор, погрешно изговорен, а Спиро и Стасе (нејзиниот сопруг, кого мајка ми, а и сите ние го сакавме на посебен начин, затоа што е многу питом и позитивен човек) се погледнуваа и се потсмевнуваа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А секогаш кога ќе помислев на него ми надоаѓаше чудна привлечна топлина и некаква слика на позитивен човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)