поинаков (прид.) - вид (имн.)

Оттаму и претпоставките за можни манипулации со претпријатијата во текот на процесот на приватизација токму преку шкартот земен како крунски доказ при проценката на нивната наводна ниска вредност. 120 okno.mk Без да навлегувам во научните и политички расправи околу тоа колку усвоениот начин на приватизација е ефикасен или не, неупотребливите количини на објекти ги гледам и како метафора на еден поинаков вид на вишок - технолошкиот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Поинаков вид на легализација би можел да биде достапноста на дрогите во државните продавници.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Покрај тоа, префрлувањето на проблемите на наркоманијата во лекарските ординации не претставува правилно користење на ресурсите наменети за медицината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Всушност, проблемот „однос ’дух-тело’“ сугерира дека постои нешто како дух во смисла на нематеријална супстанција, која на некој начин е поврзана со телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од таму произлегуваат повеќе прашања: Дали духот е поинаков вид ентитет од тело­то и доколку е, како да се објасни поврзаноста на нематеријалната супстанција со материјалната?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе не можеме да се правиме аристократи; но пресудната поента е дека, сепак, се гледаме себеси како некако над светот на производството или како одвоени од него, како некои што имаат дозвола да си играат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Има нова ‘аристократија’, поголема од старата и во која полесно се влегува (можеш и ти), аристократија на сензибилитетот, а под тоа подразбирам аристократија што разбира како функционира задоволството и како може да се добие“ (181).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, видот на аристократија кон кој се стремат некои геј-мажи може да испадне сосема поинаков вид на надмоќност од она што нормално се подразбира под ‘аристократија’, надмоќност што не е неспојлива со „демократскaта жизненост на кампот“.280 ‌Луксузот што го цени машката геј-култура може да се достигне без буквална екстравагантност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа и заминувањата од гранките на животот не требало да се сфатат како разделби туку само како можност за поинаков вид присутност што таа за жал сѐ уште не била во состојба да ја дефинира.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас во моето детство бев изложен на поинаков вид опасности: можев да се исечам, да ме касне змија, да се набодам на трн, да се отрујам од некој див плод, да паднам од коњ, од дрво, да ме набоде вол и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во секој случај, едно е сигурно: ако јас сум црна овца – иако во тоа лично воопшто не сум убеден – но, ако сум, тогаш јас сум од поинаков вид од онаа на стрико ми Ото: ги немам неговата леснотија, неговиот шарм и, згора на тоа, ме притискаат моите долгови, додека нему, очигледно, не му пречеа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го жртвував она што никогаш не смеев да го жртвувам: својата слобода!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)