поинаков (прид.) - мислење (имн.)

Секој треба да го почитува другиот во сета различност и да биде толерантен кон поинаквите мислења и верувања.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во другите времиња, кога Татко носеше дома книги за јагулите, па за јанича­рите, па за Првата светска војна, таа веќе имаше поинакво мислење за Татковите илузии.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)