поинаков (прид.) - позиција (имн.)

Беше свесен за барањето, но и дека токму тоа може да му овозможи статус на посебна, важна личност, всушност, да му одреди поинаква позиција од нашата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со други зборови, жената е во структурално поинаква позиција од феминистот бидејќи, со тоа што е структурирана како референт на другоста, таа е спротиставена како во огледало на машкото како претставник на субјективноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој, како што пишува и самиот и, како што многупати ми пишуваше и мене, сакаше да се гледа во друга, поинаква позиција, да го гледа светот од точката од која и бог нѐ гледа нас, како што велеше, или пак, што би било најточно, него да го гледаат како мал бог.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)