поинаков (прид.) - форма (имн.)

Според нив се нацртани неконцентричните примери со поинаква форма, кои со ротирање создаваат илузија на спирално движење, собирајќи се кон средиштето и повторно ширејќи се кон рабовите на дискот, така што перспективата која истовремено се губи во просторот, се проектира од платното во насоката на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Земи и запали еден оган, и викни десет зографи да го нацртаат: та нели секој од нив поинаку ќе ги обои пламењата, поинаква форма ќе им даде и поинаква големина?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Втората свеска од Дневникот, голем формат, од околу 200 страници, нападно озаглавена со црн туш како Без преживување нема уметност со распон на дати од почетокот на јануари 1951 па до средината на осмиот месец во 1953, ја одразува големата борба љубопитното дете да се осознае себе, да го совлада она што му го одзела војната, а во исто време да импрегнира толку многу настани, приказни, судбини што постепено ќе почнат да се преточуваат и во поинакви форми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, тие се решија за поинакви форми на влијание врз јавното мнение.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)