политички (прид.) - борба (имн.)

Ако се прифати на вид оти таа заедничка историска судбина, тие заеднички политички борби и самостојниот политички живот е судбина на едно исто словенско население и на еден и исти народ, тогаш ќе биде јасно оти тврдењето дека Македонија не составувала географска, етнографска и историска целина е засновано не врз реалноста туку на српските сметки за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По политичката борба иде значи националната4.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оттаму, спротивставувањата на македонската сцена во една земја непосредно се и политички борби?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И покрај постојаната политичка борба во Сенатот, секојдневните подлости на политичките соперници, тој во Политиката го наоѓаше сублимирано токму разнообразното задоволство на својата култура во која трговијата, измамата, вештиот збор беа и опстанокот и уметност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ова ли е величествената кулминација на век и половина политичка борба за геј-слобода и за геј-гордост?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зар сета цел на геј-политиката, на геј-културата, е да ги врати геј-луѓето во трлото на нормалниот средносталешки хетеросексуален семеен живот, со неговите задолжителни обреди и чинодејства – да ни овозможи да ги репродуцираме најлошите општествени обележја, најгрозните клишеа на хетеросексуалноста? ‌Понекогаш мислам дека хомосексуалноста се арчи на геј-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, Квин, го опиша влијанието што озаконувањето на геј-бракот ќе го има врз неа и врз партнерката со следниве зборови: „Утре, семејството ќе ми се собере на дипломската забава нa внука ми, а тоа ќе биде сосема поинаков ден затоа што ќе можеме да си разговараме кога ќе ни биде и како ќе ни изгледа свадбата и каков фустан ќе носи Џордан, правнука ни, кога ќе ни биде цветарица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Која било од овие промени ќе можеше да се квалификува како значајна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А мислев дека тој миг никогаш нема да дојде“.460 ‌Дали мигот што го опишува Квин е навистина оној што сите го чекавме толку скрбно?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мораше да се дистанцира од политичките борби иронично предупредувајќи: Ние сме станале жртви престорени во џелати!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можеше да се помири со меѓупалестинските несогласувања и делби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Расправите односно прилагодувањето во политичките борби за моќ можат да станат поводи за промена на стилот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Исклучоците, оние жени во првите редови на политичката борба и татковинската војна, само се маскоти, украсни куклички во саморазбирливото сивило на машкиот свет, исклучоци што го потврдуваат неприкосновеното владеење на машкото правило.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)