политички (прид.) - заедница (имн.)

Тој не можеше да не го запраша Татко: Дали имало во историјата слична заедница меѓу христијаните, муслиманите и Евреите?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковиот пријател беше обземен од прашањето: како христијаните, Евреите и муслиманите можеле да живеат заедно, дури во иста политичка заедница во меѓусебна толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како територијална инкарнација на внатре/надвор, границите го означуваат просторот до кој се протега политичката заедница.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ереста, што била во услови на морален монопол предмет на екскомуникација, со зацврстување на плурализмот на мислења во демократските општества стана носечка идеја на изградбата на општествените структури.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Политичкото општество можеме да го разбереме како реактивна творба, што настанала по загубата на моралната заедница, потпрена на идентификацијата со традицијата и нејзините морални изрази.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На кршителите на таа граница, со тој закон против пушењето им се спротивставува здружената моќ на политичката заедница, што борбата против пушењето ја признала за јавен интерес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Толеранцијата не можеме да ја замислиме без два поима што припаѓаат: индивидуалниот и колективниот идентитет и поимот на другиот, којшто е не само неистоветен, туку дури и неизмерлив, другиот, од којшто нѐ дели раскол, што допира до темелите на можностите на каква и да е заедница со него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако различноста на моќта на субјектите е средина каде што можат да настанат толерантни односи, различноста на субјектите што стапуваат во однос е нужен услов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Процесот на лаицизацијата на државата, пред да го постави Margina #32-33 [1996] | okno.mk 83 за темел на политичката заедница индивидуалното право на поинакво мислење, го утврди компромисното решение на допуштање на верска и морална заблуда.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)