политички (прид.) - поглед (имн.)

Објавувајќи ги двата памфлети: Дребулии за еден масакр (1937) и Училиште на лешеви (1938), Селин на некој начин им се приближи на фашистичките политички погледи и стекна голем број непријатели кои никогаш не му ја простија антисемитската жестокост.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во својата процена капетанот Морган, бил во право, во однос на политичките погледи на “Македонските Словени, Арнаути и Срби“ кои “традиционално се различни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Мајка ми никогаш не ги делеше политичките погледи на мојот татко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)