политички (прид.) - ситуација (имн.)

И него, политичката ситуација во родината, го формира како автор.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во однос на политичката ситуација во Македонија, во меморандумот сметал дека таа е конфузна поради што предлагал поголема внимателност во почетната фаза на организирањето и барал да биде обезбеден “со инструкции за политиката на владата на Неговото Височество во однос на политичките работи во Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тие сметале дека не би требало да има еден општ пропаганден план за Балканот кој не би водел сметка за различните карактери и политички ситуации на петте држави на кои тој се однесувал т.е. Романија, Југославија, Бугарија, Турција и Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Хуните нападнаа со големи сили од три правци Извор- Дебар- Кичево“.196 Во својот извештај Мекдоналд се задржува и на политичката ситуација во делот на Македонија под Југославија.197
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поимот на текстот, бидејќи тоа во одредена ситуација ми се причини како неопходно, јас од стратешки причини го поопштив и како текст ги означив еднакво како институцијата така и политичката ситуација, телото, танцот итн., што очигледно даде повод за многу недоразбирања, бидејќи сум обвинет дека се текстуализирам, дека целиот свет го ставам во книга, што е очигледен апсурд.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тогаш Македонија беше дефинирана како национална држава на македонскиот народ и како заедница на работните луѓе и граѓаните на Македонија и на равноправните со него припадници на другите народи и народности кои живеат во неа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тешката економска и политичка ситуација во СФРЈ услови да се донесат и некои уставни амандмани со кои се настојуваше да се даде поголема слобода на Републиките.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тоа го направија и со едно скриено олеснување поради целата политичка ситуација во Грција и стапувањето на законот на Метаксас за малцинствата и дефинитивното бришење на нивните права.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нашиот став е јасно набележан: да се помагаат сите оние елементи што се борат против непријателот, а политичката ситуација има да ја реши самиот народ по војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во меѓувреме ги признаваме само кралот и Владата на прогонство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секако би било наивно да се очекува дека ќе следува политичко смирување со овие мерки и мора искрено да се признае дека овој начин, кој можеби е единствено остварлив, имајќи ја предвид политичката ситуација, тој секако не го дава крајното решение ниту за македонскиот ниту за балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но на Балканот и покрај „конфузната ситуација“ настаните се одвивале според предвидениот редослед, диктиран од страна на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Согласно таквите процени на состојбите на Балканот, тие укажувале дека „пактовите и договорите, особено оние од ексклузивна природа“, би требало да го причекаат времето на стабилизирање на политичката ситуација и на воспоставување рамнотежа меѓу балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај набележаните солуции, експертите на крајот заклучиле дека "балканската ситуација вклучува и такви непредвидливи фактори... така што е можно и друго практично решение, кое во моментов не може да се предвиди".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Треба да се има предвид и фактот дека британските воени мисии биле задолжени за опсервирање и инволвирање само во воената ситуација и освен парцијални известувања за политичките цели на македонското политичко и воено раководство тие не се ангажирале на анализирање на политичката ситуација и дословно се придржувале кон директивата добиена од претпоставените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа експертите барале да се формира британско дипломатско претставништво, преку кое би можеле да добиваат информации од обучени дипломати за да може навремено да се реагира за одредени настани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Чинго бил во допир со еден нов говор создаван врз традициите на селото, врз мудроста на фолклорните сознанија, но веќе изменет со една нова социјална ситуација на селото во кое сè повеќе се создаваат говори на одделните занаети, говори на новата политичка ситуација на луѓето, говори на дојденците, на бегалците, на повратниците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)