политички (прид.) - состојба (имн.)

Описите на настаните, личностите и политичката состојба што тој ги презентира се негови и тие се добиени и зацртани од него без контрола на официјалните грчки власти.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во периодот од 1925 до 1976 година Христов напишал и објавил над стотина литературни раскази и популарни журналистичко публицистички трудови записи за културата и традицијата на балканските народи, како и написи за историско политичката состојба на Балканот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како дописник од Балканот, Христов покажал сериозна заинтересираност и длабока загриженост за политичката состојба на ова подрачје од светот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Градите го болеа од гнев, му гореа како фурна додека ги кинеше материјалите што дотогаш ги собираше – копии од поранешните устави на Република Македонија, анализи на политичката состојба од 1992 година наваму, податоци од вонредниот попис на населението и домаќинствата во 1994 година, сета онаа хартија што требаше некому (а кому ли?!) да му покаже дека она што се случува во земјата нема никаква реална причина освен нечија жед за територии.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред спуштањето на мајорот Скот Дикинсон во Македонија, американската разузнавачка служба ОСС, во почетокот на јуни (8 јуни), направила тајно "истражување и анализа" за политичката состојба во Кралството Југославија, односно за "прашањето на југословенската федерација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Анализата била доставена до сите релевантни политички и воени личности и тела: АФХК (АФХЉ), Амбасадата на САД при југославенската Влада, г.Брод, мајорот Клисолд, ОСС во Вашингтон и др.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа го потврдува и извештајот од 19 ноември 1944 година на еден американскиот разузнавач, кој во својот извештај се осврнува на одржувањето на Антифашистичкиот конгрес за национално ослободување на Србија, што бил одржан во Белград од 9 до 12 ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај фактот што и американските и британските мисии биле испраќани само како воени мисии со основна задача да организираат и изведуваат воени операции во окупираните територии и да овозможат испраќање воена и друга помош за да им се нанесе поголема штета на нацифашистичките окупатори, тие не можеле да не испраќаат и такви извештаи во кои јасно се гледало следењето и на политичките состојби и намери на политичкото и военото раководство на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Промовирањето на геј-идентитетите за сметка на геј-субјективитетите можело полесно да се толерира во 1980-тите и во 1990-тите години, кога изгледало дека таа заштитна тенденција ги одразува најитните потреби во една катастрофална политичка состојба. ‌Со подемот на Новата десница, со сѐ поголемиот пустош од ХИВ/сидата, одново помодната хомофобија побудена од моралната паника поради епидемијата, а и поради неуспехот на повеќето влади делотворно да одговорат на медицинската катастрофа што им ги погаѓаше граѓаните, геј-движењето имаше разбирлив импулс да настојува да опстанеме како луѓе, да се одбраниме како припадници на група изложена на огромен колективен ризик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)