политички (прид.) - јавност (имн.)

Луис Адамиќ, по повод говорот на Черчил, на ручекот на Редакцијата на весникот „Њујорк Хералд трибјун“, одржан на 7 март 1944 година, апелирал до американските новинари и до политичката јавност да ѝ се погледне еднаш на вистината в очи, бидејќи и самиот тој, како Американец, повеќе бил загрижен за Америка што нема доволно сили за да престане да „игра на картата на европската реакција“ и што Американците „не се веќе далековиди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во француската политичка јавност постои ваков пример: Кога Ками ја добил Нобеловата награда на 10.12. 1957 година, политичарите дигнале голема врева во медиумите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Замерувајќи им на американските новинари што речиси сите "Титовите партизани ги нарекуваат комунисти", Луис Адамиќ ќе истакне: "Значи ли дека и Черчил е комунист, зашто на роденденот на Вашингтон, т.е. пред една недела, се изразуваше за Тито многу воодушевено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)