политички (прид.) - или (сврз.)

Погледнете ја политичката или дури медиска сцена: главно станува збор за протагонисти чијашто професионалност и компетенција биле жестоко идеолошки „издрилани” во крутиот социјалистички концепт, во монопартизмот; така што, едноставно, нивниот интелектуален или психолошки рефлекс во суштина не е демократски, иако истите тие луѓе се расфрлани по разни партии, приватни и парадржавни медии и фирми, обидувајќи се што поверодостојно да ја играат симулацијата наречена плурализам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој процес на постојано менување се применуваше не само врз весниците, туку и врз книгите, периодичниците, памфлетите, постерите, летоците, филмовите, магнетофонските ленти, цртаните филмови, фотографиите - врз секој вид литература или документација што би можел да има некакво политичко или идеолошко значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За да семантичките, политичките или општите прашања за организацијата на подрачјето на бивството, нпр. подрачјата на универзитетот или културата, бидат можни, тие не смеат да бидат поставени едноставно одвнатре.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Политички или како?“ праша авторот. „Од душмани и кодоши“, просто повтори жената. И молкна. „Знаете ли барем некого од нив?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што е тоа: пезевеснка игра на толпа, белег на времето или литија на омраза, верска, политичка или каква и да е?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во тренд се новите медиуми, новите технологии, новите и побрзи методи на пренос на информации, демократизација на технолошкиот раскош, диверсификација на пристапите кон дигиталните мрежи, стандардизација на форматот на податоците, умножување на умрежените односи - во тренд е тие предности да го помагаат спроведувањето на новата ера обележана со поголема приватна слобода, зголемена интерперсонална комуникација, ублажен товар да се репрезентира, нови перспективи за проблемот на телото, како и поголем избор за потрошувачкото општество, можности за слободно изразување без исклучоци, а над сè, тие ни овозможуваат брзина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Каде се тие точки во денешното општество во коишто соучесништвото не се чита како такво, каде што одлуките не се гледаат исклучиво како политички или аполитички, туку како избор?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вака замислената политичка или филозофска сказна, доколку биде уметнички издржана, може да им се противстави на деструктивните митологии на тоталитарното владеење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Новина е и воведувањето на антидискриминациска одредба согласно која работодавачот, при вработување или работа на странец, не смее да го стави барателот на вработувањето, односно работникот во нееднаква положба заради расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидноста, религиозното, политичкото или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статусот на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)