полициски (прид.) - чиновник (имн.)

Да речеме, да се појави некој интересен полициски чиновник со црвен нос, или адвокат со еврејски акцент.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
По наредба на началникот на битолската полиција, неколку бивши собирачи на данок, по народност “Грци“, придружени од полициски чиновници, оделе низ градот и им ги кажувале куќите во кои живееле Македонци егзархисти139.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еве за тоа што читаме во Мемоарот на Организацијата: На 23 април претпладне турски шајки, составени од професионални злосторници и крвопијци, следени од полициски чиновници и жандарми, без секаков повод и ненадејно, со бес и јарост се нафрлија врз христијаните низ битолската чаршија и, кого ќе сретнеа, го убиваа или рануваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)