полн (прид.) - ек (имн.)

Беше средината на мај, а матурските вечери беа во полн ек.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Фрлањето пикадо повторно беше во полн ек, а купчето луѓе околу шанкот почна да разговара за добивките на лотарија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цртежот пред кој запираат претставува пазариште на зеленчук во полниот ек на работата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Подготовките за Неделата на омразата беа во полн ек и персоналот во сите министерства работеше прекувремено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)