полн (прид.) - кошница (имн.)

По малку оттаму излезе со полна кошничка ореви и лешници.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со полни кошници грозје, набрано од лозјето под Карадаг, тие двајцата се упатија во сарајот на санџак-бегот, но едниот сепак посмел од другиот, зашто си ја немаше мувата на капата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таква ја паметам мајка ми од она време кога ќе ја заварев седната до потокот на оној син камен што можеби војникот на бел коњ го дотуркал. (Кога го спомнувам војникот на бел коњ всушност мислам на човекот кој ја качил на планинава а никогаш не ја венчал!) А можеби каменов го дотуркал таткото на тој војник на бел коњ кога првпат му се посакало седнат да си ги лади нозете во потокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како штотуку да се беше вратила со полна кошница планински јагоди. Толку ми се чинеше ведра и задоволна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Оваа пролет една берачка на јагоди слегувала од ридовине сама со полна кошница плодови и песни...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)