полн (прид.) - рака (имн.)

КОТЕ: Така мори, Митрејце, пушти го срцето за да ја пушти и господ полна раката во оваа куќа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дајте ми една полна рака од тие апчиња без вода, да се отрујам. Да се трујам катадневно, до крајот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој оди зад аголот од куќата и по малку се враќа со полни раце смрзнати дрвца и ситни камчиња.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Василка им дава на децата по полна рака бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се облекувам додека Моне спокојно дише во својот кревет, потоа се стрчувам да го фатам трамвајот „двојка“ што оди до Железничката, се симнувам пред станицата, купувам осминка со сирење и јогурт во син тетрапак од дрвената бурекџилница и со полни раце се упатувам кон првиот десен перон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)