помал (прид.) - дете (имн.)

Сите седнаве, но никој не ставаше залак в уста, дури ни ние, помалите деца, загледани во сочниот тикуш, со речиси позлатените кори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка навидум беше смирена и даде знак да почнеме да јадеме, особено ние помалите деца.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ние, помалите деца, останавме неколку мига крај нив, помеѓу плач и ведрина,без да разбереме што се случува.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На неговите образи сигурно остануваа нашите солзи, на помалите деца, а можеби и на постарите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од блиската соба, продираше кашлањето на некое од помалите деца.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Винстон завиваше и лелекаше, залудно барајќи храна, беснееше по собата, фрлаше сѐ што ќе дофатеше и удираше по дрвената облога, сѐ додека соседите не почнаа да чукаат по ѕидот, а за тоа време помалото дете секој час заплакуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој, како по обичај, на помалите деца им донесе чоколада, а на Мајка букет цвеќе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Играњето покер, чие значење не го разбиравме, за нас, помалите деца, претставуваше вистински празник во куќата крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На патувањето сето семејство беше во едно купе, во соседното беа нашите пљачки, многу таткови книги, а ние помалите деца носевме перници од пердуви, меки како срцата на Мајка и Татко на ова, за нив, сигурно бесповратно патување, збогување со нашата родна земја без враќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во истиот момент забележав еден човек кој ни доаѓаше во пресрет со две помали деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И секој маж што врвел тука, врвел улуглав, а јас, моите врсници и помалите деца пеевме песни за велика Елада и за Метаксас и им се смеевме на оние што пееја нашински.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа ве собраа вас, помалите деца.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некогаш ако ни беше многу здодевно, ќе се качевме на највисоката и ќе си правевме „плескавици“ - тој што беше на земја ќе подрипнеше, а тој што ќе беше искачен горе исто така ненадејно ќе потскокнеше и ќе си го плеснеше газот од седиштето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Освен лулашки, имаше и клацкалки, ама тие беа за помали деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ние, помалите деца, останувавме приковани зад врата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние, помалите деца, макар што никогаш не го разбравме значењето на зборовите „социјализам“, „комунизам“, „работничка класа“, зборови кои најмногу се повторуваа, мислевме дека се тие најопасни за нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го слушавме ние, помалите деца, завршувањето на историјата за нашиот семеен чун со солзи на очите и голема тага во душите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Околу нив се помалите деца.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Работа имавме постојано, ние одевме на работа, а таа со помалите деца остануваше дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, сепак, за нас, помалите деца, се случи најзначајниот историски настан по ослободувањето од Сталин, се случи нашата вистинска победа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние, помалите деца, Мајкиното вработување во кино си го примивме само од среќната страна за нас, да гледаме филмови бесплатно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги испитуваше копнените патишта, но тие веднаш му се покажаа поопасни и потешки за минување, особено за нас, помалите деца, кои не знаевме што е граница и зошто бегаме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Верувајќи дека овие си­но­ви веќе ѝ се на добар пат, дека се спасени, Мајка си ја имаше сега грижата за нас, помалите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И ние, поголемите, а и помалите деца, а главно бевме сите мали во италијанско - грчката војна, во крајезерскиот Поградец, не го разбиравме вистинското значење на развеаните знамиња, час од една војска час од друга војска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше интересно тоа што сиот тој метеж владееше помеѓу помалите деца.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)