помал (прид.) - плата (имн.)

Согласно ЗПИО од 1993 година, лицата со преостаната работна способност имаа право на неколку надоместоци: а) надоместок на плата од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на распоредувањето или вработувањето на друга соодветна работа, или до упатување на преквалификација или доквалификација; б) надоместок на плата за време на преквалификацијата или доквалификацијата; в) надоместок на плата од денот на завршената преквалификација или доквалификација до денот на распоредувањето, или вработувањето на друго соодветно работно место; г) надоместок на плата поради работа со скратено работно време и д) надоместок поради помала плата на друго работно место (чл. 54, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Укината беше долната граница на неговата висина (чл. 19, ЗИДЗПИО/07), а во врска со неговата висина во случај на повреда надвор од работа или болест беше пропишано тоа да биде висината на инвалидска пензија настаната поради професионална неспособност за работа наместо претходната одредба според која таа треба да изнесува 50% од основата за пресметување (чл. 17). 98 Што се однесува до обврските на Фондот за пензиско и инвалид- ско осигурување во поглед на исплатата на надоместоците на плата за лицата со преостаната работна состојба, во 1995 година Фондот беше ослободен од обврската да обезбедува средства за исплата на надоместоци на платата поради работа со скратено работно време и поради помала плата на друго работно место, која е префрлена на товар на работодавците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Целосно беа укинати правото на надоместок на платата поради работа со скратено работно време и правото на надоместок поради помала плата на друго работно место, додека останатите три права беа сведени на едно право – право на надоместок на плата од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на почетокот на професионалната рехабилитација, за време 96 на професионална рехабилитација и од денот на завршетокот на професионалната рехабилитација до вработувањето на соодветното работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)