помал (прид.) - ќерка (имн.)

Тој, дури, за копањето на бунарот ни ги потроши домашните пари, дури и моите и, една сума, што ѝ ја имав заштедено на помалата ќерка. Нѐ остави без никаква заштеда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
за писмата со топли поздрави до неговите родители што живееја на другиот крај на светот и за телефонските извинувања на моите родители во истиот град што не сме ги посетиле на сведен, оти, нели, пак тој морал да се задржи на работа, за левиот чевел од секој пар чевли што се купуваше за помалата ќерка, а кои тепаа на глуждот па требаше да се разлабават кај мајстор Младен, за молерите кои можеа да дојдат само ако е тој на пат оти, се знае, прават страшен неред во куќата и,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гледав крај мене како мојата сопруга Гзиме, така беше и во Тунис, се бореше со маките на семејството, со големата ќерка Блерина, и помалите ќерки Јета и Дита, кои судбината ни ги донесе доцна во животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Преземајќи ја сета вина на себе, не собираше сили да ја споделува загубата по синот со жена си, колку и таа со очите да го молеше за тоа. Ѝ ја препушти грижата за помалата ќерка нејзе, како што се отуѓи од сопствениот дом, навраќајќи не толку да се види и да преспие со нив, колку да се пресоблече и да ја избричи повеќедневната брада.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ај нека земи и тој коњ и истај ми се од пред очите! - је рекол царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога чула помалата ќерка, ошла кај царот и го молила да му даит на ќелешот еден каковгоде коњ за да оит и тој да барат млеко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога беревме купини во еден далечен септември негде зад Брегалница, кај балвански ливади, помалата ќерка на бегалецот Козак дотрча со раскрвавени раце.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Погледнете, погледнете на моите прсти цутат рози. Викаше на Руски Аксја. Посмотрите, Посмотрите!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И никој не знаеше кои од розите се гризови од трња а кои бакнежи на невините плодови. напомена: Песните објавени како додаток на второто изданије на романов, печатени се во стихозбиркките: Прстен на времето (1993 г.) и Близу до смртта и близу до животот (1998 г.) Препрочитувајќи ги откако беше објавен романот авторот ја збележа неодминливата блискост на романот и песните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога беревме купини во еден далечен септември негде зад Брегалница, кај балвански ливади, помалата Ќерка на бегалецот Козак дотрча со раскрвавени раце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)