помал (прид.) - или (сврз.)

Татко внимателно слушаше, задоволен што Камилски најпосле се доближува до нивната тема за називите на османскотурцизмите во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не беше начисто каде целеше Камилски со својата тирада за Рабле и неговата гастрономија, имајќи чувство дека тој се оддалечува од нивната тема, но тој веруваше дека е длабоко во темата: Имало многу обиди во историјата на човештвото во време на револуции и окупации, побуни и нови режими, да се чистат јазиците од зборовите на другите, со помал или поголем успех, но најтешко се менувале заемките за јадењата, односно за гастрономијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не сум дојден овде да купам галерија на души за помал или поголем напис.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Која сестра, помалата или поголемата? – праша девојчето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не ти се чини дека е малку доцна за играње?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дополнително, одредби кои го регулираат штрајкот, а кои се однесуваат на помал или поголем дел од вработените содржат и: Законот за мирно решавање на работните спорови, Законот за јавните претпријатија, Законот за установите, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за културата, Законот за основното образование, Законот за средното образование, Законот за здравствена заштита, Законот за административни службеници, Законот за судовите, Законот за судска служба, Законот за внатрешни работи, Законот за полиција, Законот за шумите, Законот за одбрана и Законот за служба во Армијата на Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Златниот Век – складноста меѓу божественото и човечкото, меѓу законот и бунтот, меѓу судбината и слободата – одамна е распрснат, од експлозијата на Супер-Новата, во помали или поголеми светлосни бранови што лутаат по празнината.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Со други зборови, системот на писмо, кој освен фонетските, ги изразува и бројните вредности, содржи број на графички симболи деллив со 9.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во зависност од количеството на изразените фонетски единици, тој број е 27 за оние системи на писмо, кај кои количеството на фонетските единици е помало или еднакво на критичната бројка 27, како и 36 во системите на писмо, кај кои количеството на фонетски единици ја надминува бројката од 27 знаци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во прашање се само тешкотиите: помали или поголеми“.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)