попатен (прид.) - станица (имн.)

Ја стега и не ја пушта ни на попатните станици каде што автобусот запира за одмор, а не ја пушти ни кога стигнаа во Скопје, ни кога врвеа по улиците, ни кога дојдоа во интернатот; ја држеше и во канцеларијата на управникот на интернатот каде што татко му го внесе да го пријави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Колку и брзо да се патува со метрото, сепак патувањето е бавно зашто електричните возови запираат на многу попатни станици, а во нив е здодевно возењето поради задушниот воздух и едноличноста.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но ете животот сакаше да го качи направо на воз, и тоа патнички од трета класа (ако се изземат покриените товарни вагони со шибер врати и горни прозорчиња за 40 војници или 7 коњи, со кои одеа на младински работни акции во секој вагон по една чета, со половина леб и една паштета, а ноќе матарки вода кога преспиваа на попатни станици по отпатни колосеци).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше собиралиште на маалските пијандури, коцкари и од контејнер извадени швалери, како попатна станица, во отприлика 5-от круг на Дантеовиот пекол.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Првата попатна станица ни беше Сегедин, каде што нашите сопатници нѐ поведоа на еден унгарски гурмански специјалитет - аласка чорба - и на капка „барацка“, ракија од кајсии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)