поповски (прид.) - марифет (имн.)

На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ги научи во манастирот сите поповски марифети од поп Спира, на кого му помагаше во службата како нему што му помага сега Кушо, и требаше само да го „благослови“ владиката и да си започне со работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)