посебен (прид.) - договор (имн.)

Стечајната постапка има за цел колективно намирување на доверителите на стечајниот должник со впаричување на должниковиот имот и распределба на остварените средства [приходи] на доверителите или со склучување на посебен договор за порамнување на побарувањата утврдени со 170 планот за реорганизација, што е насочен кон натамошно одржување на должниковиот деловен потфат (чл. 3, ст.1 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1. Нивоа на договарање а) според измените од 1998 со колективните договори на ниво на работодавец (подоцна наречени „поединечни договори“) можат да се утврдуваат поголеми или помали права од правата утврдени со грански колективен договор (подоцна преименуван во „посебен договор“) – но, не помали од правата утврдени со закон (чл. 2, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
е) договор за вработување деловни лица (т.н. менаџерски договор – чл. 54, ЗРО/05) – кај овој посебен договор, кој се очекува да се применува за т.н. работоводни органи, односно за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“ дури и во услови на загуба и лошо менаџирање, што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната светска економска криза;
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје II – Скопје е: III PO-849/10. 2. „Стечајна постапка“ е колективна постапка што ја води над­ лежниот суд за реорганизација или за ликвидација на должникот; а „стечајна маса“ е имотот на должникот кој е предмет на стечајната постапка (чл. 2, ст.1, ал.65-66 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ж) договор за вработување за вршење работи во странство, но само за ограничен период (чл. 249, ЗРО/05) – каде што, паралелно, се применуваат и странските прописи согласно меѓународното приватно право; з) посебен договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на одредени ствари (пр. машини); потоа, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа (пр. културно-уметнички работи и сл.) – чл. 252, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)