посебен (прид.) - повод (имн.)

Истава приказна, без некој посебен повод Раде ми ја повтори и при синоќешната средба. Но со некои додатни поединости.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зарем смееме без посебен повод да се правиме недоветни прашувајќи: Случајно некого да не очекувате?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или: Дали наскоро имате намера да си заминете?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Живееше со чувство дека го измамил времето, како да немаше тоа за него граници, како да беше склучил пакт со вечноста!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXVIII Меѓу две видувања со Јасер Арафат во Картагина добив неочекувано писмо од Мајка. Немаше посебен повод да ми пишува. Тоа го чинеше во исклучителни поводи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)