посебен (прид.) - положба (имн.)

Најпосле, меѓутоа, она што го изразува присвојувањето на мелодраматичноста на новинарскиот дискурс кај О’Хара е поголем, посеопфатен отпор кон конвенционалните облици на сексуалниот и обродениот дискурс и на сексуалната и обродена отелотвореност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистинските мажи не поттрчнуваат. ‌Ироничната преупотреба на мелодрамата кај О’Хара не ги оспорува казнените судови на елитното општество против неугледниот поджанр, туку свесно ги усвојува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата и општествените вредности поврзани со неа ги користи за да си обележи посебна положба на субјект која е јасно неусогласена со хетеросексуалната мажественост, која имплицира нестандардно обликување на родот и на сексуалноста – а која во тие погледи може да се идентификува како женствена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој ведро прикажува низа афекти што се сфаќаат како будалести и патетични, кои истовремено го повикуваат општествениот презир и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)