посебен (прид.) - случај (имн.)

„Тоа беше посебен случај. Не беше во прашање само нечие убиство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ти бре, си друг, посебен случај, дури и во досие не фаќаш место.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со единствената јазична сила, со уметничката моќ, со суптилната лична смисла за лудило, Џемс Џојс останува навистина посебен случај.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во посебни случаи, работникот кој работи помалку од полното работно време во согласност со прописите за ПИО, или со прописите за здравствено осигурување – остварува права од задолжителното социјално осигурување кога би работел со полно работно време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5.  Работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време на работникот на кој, врз основа на мислење на лекарската комисија, поради таквото работење ќе му се влоши здравствената состојба; како и на работникот кој работи помалку од полното работно време [скратено работно време] во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување [инвалидност], 144 прописите за здравствено осигурување [медицинска рехабилитација] или врз основа на други прописи [родителски обврски] (чл. 120, ст.1, ал.6 и 8 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку направевме споредба на договорите за вработување со „скратено“ работно време од чл. 48 и чл. 49 од ЗРО и чл. 122 и чл. 122-а (скратено работно време во посебни случаи и скратено работно време во посебни услови соодветно) ќе дојдеме до заклучок дека кај скратеното работно време, кое е изедначено со полното работно време, но временски трае пократко поради тежината и опасноста на работата е тотално спротивно на формулацијата за неполното работно време кога работникот работи пократко поради помалиот обем на работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во случајот на анорексија, имено, наоѓаме еден посебен случај како субјектот постапува со тој недостиг.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Целото придвижување на денешната психијатрија, епитемизирано во DSM-III прирачникот кој е преведен на осумнаесет светски јазици, е во тоа што таа ширум светот го пропагира лишувањето на човекот од неговите цивилни слободи, од неговиот хабеас корпус; плус насилна хемикализација, заточување на луѓето, примена на електрошокови и мачења што не предизвикуваат телесни повреди, а сето тоа со цел да се хомогенизираат луѓето што не се наоѓаат „на линија“. 60 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Па тоа секако би ги отстранило сите незадоволници!  Тоа е, исто така, критериум за ментална пореметеност!  Се разбира, кај сите тие критериуми мораат да постојат одредени степенувања?  Можеби, но ова не е некој посебен случај од DSM-III.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа е еден од мноштвото разновидни начини на кои ние ги наведуваме другите да гледаат, слушаат, допираат, мирисаат, веруваат, мислат, чувствуваат, посакуваат, и да го прават она што ние сакаме да го прават.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хипнозата во ограничената формална смисла е еден посебен случај на наведување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Изгледа дека нема сомневање во тоа дека проблемите на проектирањето за кои дискутиравме се многу важни во овој посебен случај на проектирање објект за лечење и нега на ментално болните.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)