посебен (прид.) - советник (имн.)

Во чл. 22 ст. 1 ал. 6 од ЗВЈС се пропишува работното место „посебен советник“ или со други зборови „пополнување на посебни работни места во кабинетите на претседателот на РМ, претседателот на Собранието на РМ, потпретседателите на Собранието на РМ, претседателот на Владата на РМ, замениците на претседателот на Владата на РМ, министрите и генералниот секретар на Владата на РМ, заради извршување на работни задачи на посебни советници“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)