посебен (прид.) - тип (имн.)

Имено, бидејќи производствените односи ни се на многу ниско ниво и затоа што ова 124 okno.mk општество не е докрај масовно потрошувачко (а поп-артот настана токму поради овие причини), „популарното” тука е од посебен тип.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ликот на таткото, најавен (заедно со библиотеката) како клучен лик и во претходните книги на Старова, е еден посебен тип на чудак, речиси алхемичар, кој верува дека сите книги од неговата библиотека, ако се прочитаат според една и само една точна синтакса, го кријат клучот на балканското историско проклетство, во кое егзилот е неодминлива судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Својот интелектуален содружник, Климент Камилски, овој Татко го наоѓа сосема случајно, во една партија покер (прекрасна метафора за балканските односи), и во него наоѓа силна потпора за својот животен, метафизички проект: да се изработи историја на падот на империите на Балканот, а причините да се најдат во јазичните супстанции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Земјата конечно се отвори, завладеа демократијата со неизбежните мачни процеси на транзицијата од тоталкомунистичка диктатура од посебен тип, во демократска мултипартиска држава со пазарно стопанство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред телесно и духовно да пропадне поради душевна болест, тој со помош на “рудолфинскиот круг” ја претвори Прага во интелектуална светска престолнина од посебен тип.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа беше посебен тип жена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ѓ) договор за вработување на куќни помошници (чл. 53, ЗРО/05) – кај овој посебен тип договор, покрај тоа што во нашата држава се официјализира една средновековна феудална категорија – „слугувањето“, „главарењето“ или „закрепостеноста“, има уште два куриозитета: единствено кај него е оставена одредбата која предвидува негова заверка во Заводот за вработување, што очигледно е пропуст при редактирањето на законскиот текст; а, во овој случај, предвидена е и можноста обезбедувањето „сместување и исхрана на работникот, кај работодавачот, да претставува дел од платата“ – кој пак дел, во договорот, мора да биде изразен во пари!?;
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За овој тип патувања карактеристичен е посебниот тип на настани и нерватури, па и посебен тип на замор.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)