посебен (прид.) - македонски (прид.)

Како резултат на тоа Македонците можеле да формираат посебни македонски партизански единици како и посебни партиски организации во Воденско.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со тоа им било дадено правото на Македонците да создаваат и посебни македонски партизански единици како и посебни партиски организации на Македонците во Воденско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По иницијатива на раководството на СНОФ и во согласност со КПГ била донесена одлука да се формираат и вооружени сили на СНОФ со ознака СОВ (Славјано-македонска народноослободителна војска).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)