посебен (прид.) - општествен (прид.)

Но можеби и би било возможно подлабоко да се испитаат во смисла на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е ни чудо што постојано прашуваме, со едвај потиснато нетрпение, зошто просто не исчезне таа геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно општествената прифатеност и интегрираност ќе ѝ стават крај на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште еден дел од ефектот на цитатот произлегува од неговата намерна, свесна неусогласеност, од свеста за комичната несоодветност на цитирањето велика опера во контекст на некаков натпреварувачки спортски настан – особено со оглед на женствената родова кодираност на великата опера и мажествената кодираност на спортскиот настан, како и со оглед на великоучената кодираност на великата опера како елитна уметничка форма која налага само ладнокрвно, емотивно невнесено гледателство и непрефинетата кодираност на спортскиот настан како активност во која се учествува масовно и која ѝ е соодветна на масовната култура, а која налага да се препоти секој што тврди дека е вистински маж. ‌Најпосле, многубројните намерни иронии на овој несообразен цитат се во основата на едно чувство на внатрегрупова особеност, солидарност и единство на чувство кај членството на клубот – односно, чувство на колективен идентитет (нешто што е соодветно за локалните спортски друштва кои навиваат за одредени тимови).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој сериозен обид да се одговорат прашањава би нѐ одвел далеку зад границите на тукашнава студија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште од првиот ред таму се нагласи дека темата што ќе се изучува се однесува на тоа како мажите што веќе се геј се здобиваат со свесен идентитет, со заедничка култура, со одреден светоглед, со заедничко чувство за себството, со свест дека ѝ припаѓаат на посебна општествена група и со особени сензибилитет и субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фактот дека навивачите на овој тим можат да си ги бодрат спортистите служејќи се со ова упатување на Аида укажува дека имаат или дека може да се претпостави дека имаат (сигурно имало и типови што не скопчале) заеднички склоп на општествени практики и културни сфаќања што им се својствени на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто иднината на геј-културата навистина изгледа обвиена во магла, а многу гласови веќе го имаат најавено нејзиниот непосреден пад.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Алузијата на Аида, така, служи за консолидирање на идентитетот на членовите на клубот како припадници на посебна општествена група – група составена од геј-мажи – која ѝ припаѓа на особена, типична или стереотипна култура. ‌Накратко, многубројните иронии што се создаваат со упатувањето на опера во контекст на спортски настан им даваат на членовите на клубот заедничка свест дека се дел од конкретно геј-колективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-културата е остаток од едно минато време.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие иронии, исто така, го поткопуваат и шовинизмот што по правило се сврзува со тимските спортови: невозможно е поздравот Ritorna vincitor! да се сфати стрејт за готово.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што допрва треба да се разгледува се посебните општествени фактори што го доведуваат опстанокот на геј-културата во сомнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи геј-луѓето веќе не се угнетени, нема некоја причина да се здружуваат во посебни општествени групи, а камоли да создаваат посебни културни заедници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во изминативе три децении имаше огромна преобразба на материјалната основа на геј-живеењето во САД, како и во други велеградски средишта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културните разлики се огледуваат конкретно и прагматично во конвенциите на говорот и однесувањето што ги раководат личните интеракции во посебни општествени контексти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го кочи остварувањето на асимилацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)