последен (прид.) - аманет (имн.)

Ги собра една вечер и им го кажа последниот аманет: - Мајка не најде место за вас во Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ги чувствував овие нејзини зборови, како последен аманет, што никогаш не го заборавив. – Мајко – започнав тивко, откако таа го угасна телевизорот – се готвам да патувам за Франција. Ќе останам два месеца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Брзо стасал абер од амбасадорот. Тој ѝ ги дал сите упатства, како да стигне до своите сестри и браќа, до својата рода од Измир до Цариград, до Ерзурум и до други градови. ѝ ја посочил и банката во која се наоѓал последниот аманет на нејзиниот татко, оставен пред смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)