последен (прид.) - атом (имн.)

МИРИС НА ЛИПИ И РАСЦУТЕНИ БАГРЕМИ, НЕМИР ВО ДВЕ СРЦА И ЕДНИ ТОПЛИ НО ТАЖНИ ОЧИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Искрите од животните тајни ги оживуваме и им даваме дел од нашата душа, се бориме до последен ѕдив, со последниот атом енергија, затоа што живот е борба, а човекот е победник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Им ја придружи својата душа на илјадниците записи на заборавените мртви души на Балканот, фиксирани во последните записи за нивното некогашно, а сега заборавено постоење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко им се врати на Битолските кадиски сиџили (од XVI до XIX век), врз кои работеше до крајот на работниот век, до последните атоми на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со споменувањето на оваа установа, која и во писмото на Јана беше споменувана како појдовна точка, Рада ги користеше последните атоми од својата сила и одвај успеваше да се одржи на столот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја гледав право в очи, но не толку отсутно колку што можеше да се очекува по толку големиот замор, со последните атоми сила што ми преостануваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко со последните атоми на силата на духот сакаше да го изнесеме на раце да ги почувствува последните сончеви зраци.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се дополнуваше и со благиот израз на лицето, со последните атоми на неговата блага енергичност, низ неколкуте подвижни мускули и нерви што му остануваа верни докрај.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го погледнав Х.Х. иронично, сигурно со последните атоми на силата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повторно помислува дека историјата е само еден бескраен след на жртви, меѓу кои по необјаснивата волја на Севишниот се вбројува и оној што, еве сега, се жртвува со експлозивна направа, и оние невини луѓе во автобусот во кој ја активираше, како и самиот тој, невиниот рабин Елеазар бен Цви, кој ете ни на крајот, сега додека умира, со последниот атом на свеста не може да го сфати цинизмот на историјата, ненадејноста на збиднувањето и непредвидливоста на искуството, зашто целиот живот невино верува дека не е нужно да се помине низ искуството, да се проверат нештата за да се прифатат од друг дадените заклучоци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нејзиниот парфем останува уште некое време да виси во воздухот, колку да му ги дразни изострените сетила на К*, кој со носот ги лови последните атоми на, веројатно, скапиот мирис што го носи младата сосетка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Согледавме дека Езерото крие голема енергија која мора да се искористи до последниот атом во полза на новиот човек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Деноноќно ја пишував книгата, сè до последниот атом на душата, до конечното префрлување, од душата, на хартијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)