последен (прид.) - буква (имн.)

Љупчо го вклучи телевизорот, се испружи на каучот и почна да гледа некој квиз во кој гледачите се јавуваа за да го погодат зборот со зададена прва и последна буква.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Последните букви што отидоа беа следниве, дадени овде како филмски вратен скок во базен: „... Сонцето е крвник кој што со срповите на зраците ги сече главите на Сенките...“ 92 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За Призрак п. Сенка, накнадно
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со ракавот ја избришав потта од челото и лицето и одново се вдадов во стружење се додека не го истружав слојот до последната буква, која е првата во паролата што тука, под трите слоеви вар, чмаеше цели шеесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога го прибрав погледот, на ѕвоното забележав излиен натпис: „Ова ѕвоно покланја Н.сП (зад последната буква нечитко) хр. св. Богородица окр. монастир, село Маказар ливено у Лариса, браќа Грегоријади 1861“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Берлин, Белград, Будимпешта, Букурешт, Берово, Бела Црква... Виена, Виница, Валандово...редум, скоро стотина градови, од првата до последната буква на азбуката.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Името се состои од два слога трај и анка! Ако на слогот трај му се одземе последната буква ј ќе се добие тра.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)