последен (прид.) - век (имн.)

Во последниве векови, по Француската револуција, се наложи урнекот на една од можните демократии, по цена на многу жртви, пролеана крв.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мустафа Кемал го смени текот на историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османската Империја долго време по својот подем од првите векови продолжи да живее во својот сон на лажна величина во последните векови...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А ти? – Јас... јас би бил Византиец – пелтечам – од последните векови на Империјата...но, далеку од крајот... кога сакаше многу да сознава и кога почна да се плаши.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И почнуваше ерата на нивното владеење, падот на кривата, немоќта, која не беше симетрична со залетот кога се стремеше да ја заземе власта!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последниве векови е сеприсутно прашањето дали кога се трага по прогресот, посебно материјалниот, па духовниот, дали се оди напред, се стагнира или се повлекува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Конечно, со изгра­дените високи камени кејови во текот на последниот век од владеењето на Отоманската империја, реката конечно била смирена.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во последниот век науката разви технички проширувања на човековиот сензорен апарат коишто ја потврдија вистинската сенишна природа на комплексноста во која живееме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Глобалниот јазик на брз фидбек со икони и меми, олеснети со инстант преведувачки алатки, елегантно ќе ги елиминираат јазичните бариери што во последните векови беа одговорни за повеќето војни и конфликти. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 60
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога на патот на органската еволуција стана очигледно дека мутацискиот процес неизбежно ги разградува физичките и невролошките врски што ги поврзуваат припадниците на една генерација со минатото и неизбежно ги насочуваат да преземат посебна и рамноправна позиција меѓу другите видови на Земјата, со која Законите на Природата и Природниот Бог ги дарува, сериозната загриженост за хармонијата на видовите бара да се утврдат причините за мутацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ѕвездената астрономија опишува еден универзум на фантастична разновидност: стотици билиони ситни ѕвездени системи во нашата мала галаксија, стотици билиони галаксии во нашиот малечок универзум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тимоти Лири ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕВОЛУЦИЈАТА
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)