последен (прид.) - војна (имн.)

Таа претставуваше германски авион од последната војна, “Јункер 87” изработен во дрво, во природна величина и беше целосна репродукција на авионот со кој уметникот се урна во Крим за време на втората светска војна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Белјев и Преображенски пак, го „преоблекоа“ авионот во „валенкис“, традиционални руски чевли изработени од мастило, и кои и ден денес се натпреваруваат со марки од типот „Бали“, „Рибок“ и други странски модели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа инсталација реализирана во чест и во спомен на Бојс беше значаен уметнички настан во Москва.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но никогаш до тогаш Русите не се разочаруваа така како што се разочараа во времето на последната војна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Децата ѝ исчезнаа, ни едно не ѝ се врати од последната војна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој беше вишок од последната војна.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се сеќаваш на последната војна, нели Агата”, мирно ѝ одговара Хана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Всушност можеби само за да ме збуни а можеби и да ме исплаши повеќе пати ми имаше спомнато дека во текот на последната војна, службите на окупаторот, слични на неговата служба, ја практикувале специјалноста да им ги корнат ноктите на затворениците кои ќе се определиле за молчењето како начин на однесување при испитувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека по овие негови објаснувања си ги запишав во сеќавањето зборовите корнењето нокти, потоа и молчењето како избор затоа без да го коментирам она што го рекол, во еден момент во изминатите денови бев забележал: Корнењето нокти веројатно е многу болно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бидејќи тоа беше еден вид работилница со многубројни истражувачки активности, наскоро потоа некое дете откри дека каучукот се кине и друго дека гори, па сите се вдадоа кој повеќе парчиња каучук да накине од прозорците на колата за да имаат цркала како оние што возрасните ги вадеа од гранатите останати по планината од последната војна и кои ноќе на брезничанчињата им овозможуваа забава до зајдување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Долго време од камениот кеј ги гледавме, на тврдината остатоците од последната војна, старите топови од кои се пукаше во пресрет на големите празници на победниците: Први мај, Денот на победата, Денот на Армијата, Денот на Републиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)